ГУЛАБ СЛЕТА ВО СОБОРНИОТ ХРАМ ВО МОМЕНТОТ КОГА СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ НИ ЈА СООПШТУВАШЕ РАДОСНАТА ВЕСТ Македонскиот народ конечно се израдува од срце! (ФОТО)

По цели 55 години поминати во раскол, во темнина, во самица, изолирани од сеправославното единство, архијерејите и верниот народ од МПЦ-ОА сега конечно ќе можат да ја почувствуваат благодатта на единството на Црквата и на автентично сведочење на љубовта Христова во светов.

24,439

Со громогласен аплауз, со искрени насмевки на лицата и со солзи радосници вчераутро во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје беше пречекана одлуката на Светиот собор на Српската православна црква (СПЦ) да ја одобри, благослови и да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

По цели 55 години поминати во раскол, во темнина, во самица, изолирани од сеправославното единство, архијерејите и верниот народ од МПЦ-ОА сега конечно ќе можат да ја почувствуваат благодатта на единството на Црквата и на автентично сведочење на љубовта Христова во светов.






Вчера, после толку многу години поминати во чекалната, скоро и да немаше човек во Македонија кој не беше задоволен и среќен откако ја слушна радосната вест што ја соопшти српскиот патријарх Порфириј за време на беседата. Се радуваа и мали и големи, и млади и возрасни, и муслимани и католици и атеисти… Се радуваше и сѐ уште се радува цела Македонија.

Уште еден интересен момент од кој човек со сигурност ќе се наежи е кога гулаб слета во Соборниот храм додека српскиот патријарх ја соопштуваше информацијата дека Соборот на СПЦ издал амин за доделување автокефалност на МПЦ-ОА.

Информацијата ни ја испратија архијереји кои учествуваа во вчерашната историска литургија и кои успеале да го фотографираат гулабот, а симболиката на оваа птица во христијанство сигурно ја знаете: „Според Евангелието по Марко, по крштевањето на Исус, се виде како небото се отвора и како Духот претставен со гулаб излегол од него“.

На социјалните вчера мрежи осамнаа илјадници коментари и статуси на луѓе кои испраќаа честитки до раководството на МПЦ-ОА, но и благодарност до владиците и до патријархот на СПЦ.

Фото: МИА
Поврзани содржини