„Гугл“ го следи секој ваш чекор, еве како да се заштитите
Со самото отворање на картата од „Google“ или било која друга платформа за пребарување која припаѓа на оваа компанија, вашата локација се снима до метар квадратен, тврдат од Асосиејтед Прес.
Ја исклучивте локацијата на вашиот телефон и мислите дека „Google“ повеќе не ве следи? Во суштина, не е така. Кога ќе ја оневозможите поставката, одредени апликации на „Google“ сè уште ги складираат податоците од вашата локација.
Со самото отворање на картата од „Google“ или било која друга платформа за пребарување која припаѓа на оваа компанија, вашата локација се снима до метар квадратен, тврдат од Асосиејтед Прес.
На страницата за поддршка на „Google“ стои збунувачко објаснување, во кое се кажува дека и кога сте исклучени, некои податоци поврзани со локацијата, може да продолжат да се зачувуваат. Но, ако ги направите овие чекори, може да го спречите „Google“ да знае каде се наоѓате 24/7.
- Отворете го com на вашиот телефон
- Горе-десно, најавете се на вашата сметка на Google
- Изберете го полето: Управувајте со вашата сметка (Manage your Google Account)
- Во полето Приватност и персонализација (Privacy & Personalization), изберете управување со вашите податоци (Manage your data & personalization)
- Одете најдолу, кај Контролите на активност (Activity Controls) и изберете Управување со контролите на вашата активност (Manage your activity controls)
- Таму ќе најдете поле наречено Активност на веб и апликации (Web & App Activity), а таму ќе го кликнете „прекинувачот“ од вклучено во исклучено
- Пред да ги завршите поставките, осигурајте се дека ги разбирате правилата кои ви ги наведува „Google“
Кои се добрите и лошите страни доколку го исклучите следењето?
Тоа значи дека ќе гледате помалку реклами, помалку корисни препораки при пребарување, како и „предвидувањето“ од страна на „Google“ што вас ве интересира. Генерално ќе се скратат одредени можности кои „Google“ ви ги нуди кога е вклучена поставката. Сепак, исклучувањето на оваа поставка ќе вреди многу повеќе за оние кои приватноста им е поважна отколку било која препорака од страна на пребарувачот.
Заклучокот е дека можете да ја зачувате вашата приватност и да не ги „уживате“ поволностите кои „Google“ ви ги нуди или, пак, да му дозволите да ги споделува вашите информации со трети лица.