Гугл, Фејсбук и Твитер добија пофалба од Помпео поради Хонг Конг

Пекинг рече дека за 50 години ќе му даде поголема автономија на народот на Хонг Конг. А гледајте што се случи по само 23 години – празни ветувања, истакна Помпео.

265

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги пофали денеска Гугл, Фејсбук и Твитер бидејќи одбиле да им предадат податоци за своите корисници на Владата на Хонг Конг и ги охрабри другите компании да го направат истото.

– Пекинг рече дека за 50 години ќе му даде поголема автономија на народот на Хонг Конг. А гледајте што се случи по само 23 години – празни ветувања, истакна Помпео.






Компаниите Гугл, Фејсбук и Твитер ја суспендираа претходно обработката на државните барања за корисничките податоци во Хонг Конг, откако Кина го воведе новиот закон за национална безбедност за полуавтономниот град.

Фејсбук, кој е сопственик на ВоцАп и Инстраграм, „ги паузира“ прегледите за сите свои услуги „во очекување на натамошните проценки на Законот за национална безбедност“, се наведува во изјавата.

Твитер соопшти дека ги суспендирал сите барања на властите во Хонг Конг веднаш откако законот стапил во сила минатата недела, повикувајќи се на „сериозна загриженост“ поради неговите импликации.

Компаниите немаат прецизирано дали суспендирањата ќе се применат и на владините барања за отстранување на содржини кои ги создал корисник на нивните услуги од Хонг Конг.

Овие компании веќе подолг период слободно работат во Хонг Конг, каде пристапот до интернет не е под влијание на ограничувањата кои се воведени во континентална Кина, а која ги блокира Гугл, Фејсбук и Твитер.

Поврзани содржини