ГУГЛ ЌЕ МУ ПЛАТИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“ Доаѓа време кога медиумите на интернет ќе прават пари од содржини, а не само од реклами
Гугл ќе му плати на угледниот американски дневен весник „Њујорк Тајмс“ околу 100 милиони долари во следните три години за објавување содржини, објави „Вол Стрит Џурнал“.
Договорот предвидува вклучување на „Њујорк Тајмс“ во Google News Showcase, производ кој на издавачите им обезбедува наплата на содржината објавена на Гугл Њуз и на другите платформи на Гугл, објави „Вол Стрит Џурнал“, цитирајќи упатени извори.
Продолжувањето на договорот со Гугл, кој вклучува дистрибуција на содржина и претплата, „Њујорк тајмс“ го најави во февруари.
„Ние не ги споделуваме деталите за комерцијалните договори со партнерите“, рече портпаролката на Гугл во врска со сова.
Сепак, се дознава дека договорот му обезбедува на „Њујорк Тајмс“дополнителен приход, бидејќи издавачите на вести се подготвуваат за забавување на пазарот на рекламирање. Компанијата објави приход од 2,31 милијарди американски долари минатата година, што е за 11 отсто повеќе од претходната година.
News Corp, компанија мајка на издавачот на Journal Dow Jones and Co, е меѓу издавачите кои претходно постигнаа договори со Гугл за Showcase. News Corp на почетокот на 2021 година објави повеќегодишен договор со Гугл и рече дека договорот и другите партнерства ќе генерираат комбиниран годишен приход од повеќе од 100 милиони американски долари.