ГУБИ ПО 1 МИЛИОН ДОЛАРИ НА ЧАС ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП Јапонската авто индустрија очекува договор за пониски царини
Јапонија би можела да понуди зголемени набавки на американска соја и пченка, како и продолжување на разговорите за заеднички развој на проектот за течен природен гас на Алјаска, во обид да го „ребалансира“ трговскиот суфицит со САД, кој изнесува 68,5 милијарди долари.
Главниот јапонски трговски преговарач денеска ја започна новата посета на Вашингтон со цел продолжување на разговорите околу високите царини што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, откако претходно беше најавено олеснување за царините на автомобилите, што разбуди надеж за натамошни отстапки.
Министерот за економско заздравување Рјосеи Аказава веќе се сретна со Трамп и со министерот за финансии Скот Бесент во средината на април, а утре повторно ќе има средби со нив и други официјални лица.
Јапонија би можела да понуди зголемени набавки на американска соја и пченка, како и продолжување на разговорите за заеднички развој на проектот за течен природен гас на Алјаска, во обид да го „ребалансира“ трговскиот суфицит со САД, кој изнесува 68,5 милијарди долари.
Иако е близок сојузник на Вашингтон и еден од водечките странски инвеститори во САД, Јапонија од почетокот на април е цел на 25% царини на автомобили и челик. Автомобилите минатата година сочинувале околу 28% од извозот на Јапонија во САД.
На Токио му се заканува и дополнителна царина од 24% на целиот извоз, која моментно е суспендирана до почетокот на јули, но минимална царина од 10% веќе се применува.
– Јапонските компании губат пари секој ден поради овие царини. Еден директор на автомобилска компанија ми рече дека губат милион долари на час – изјави Аказава пред патувањето.