ГУБЕЊЕ ВРЕМЕ Е СЕГА ДА ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Меџити очекува двотретинско мнозинство, не размислува за гласање

За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници е непотребно да се размислува за предвремени избори, бидејќи тоа само е трошок за државата и губење време, рече денеска вицепремиерот Изет Меџити.

94

Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години досега, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

– Од 90-тите досега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова – 78 пратеници. Мнозинството расте и сигурно за кратко време ќе надмине и 80 пратеници, што е две третини од Собранието. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници непотребно е да се размислува за предвремени избори, бидејќи тоа само е трошок за државата и губење време – рече Меџити во одговор на новинарско прашање при денешната посета на депонијата Дрисла.






Тој нагласи дека организирањето предвремени избори не е добро, бидејќи најмалку шест месеци пред и после изборите запираат сите постапки, сите јавни набавки и вработувања.

– Тоа влијае многу на економијата и на бизнисот. Затоа мислам дека нема да бидат среќни да има предвремени избори тие што сакаат да работат, односно бизнисот во оваа држава – потенцира Меџити.

Поврзани содржини