ГРУЗИЈЦИТЕ ГИ ПОЗНАВАМЕ, БУГАРИТЕ БЕЛЕЖАТ НАПРЕДОК За селекторот Милевски нема лесен противник

Мода да играме на највисоко ниво, оти денешниот фудбал не трпи поинаков пристап, истакна селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.

537

Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник и нема однапред освоени бодови, рече селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, откако Македонија ги дозна противниците за новата сезона во Лигата на нации.

– Пред нас се сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која веќе игравме и тие натпревари беа неизвесни. Бугарија одигра нерешено против Италија, а тоа значи дека бележи напредок, додека, пак, Гибралтар секако не е истата селекција од првото издание на Лигата на нации кога се соочивме во иста група. Мода да играме на највисоко ниво, оти денешниот фудбал не трпи поинаков пристап. Мора да има максимално залагање на секој натпревар – истакна Милевски.






Македонија влезе во групата 4 заедно со Бугарија, Гибралтар и со Грузија. Натпреварите ќе се играат во јуни и во септември идната година.

 

Поврзани содржини