ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ КАКО НА ФИЛМ Затвореници се степале со полицајци, има повредени

При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности, информираше МВР.

1,436

63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон и дрога. Ова го пронајдоа денеска полициските службеници од Бирото за јавна безбедност по претресот што го извршија во полуотвореното одделение на КП „Идризово“.

„При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираше МВР.






Поврзани содржини