ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО КУМАНОВСКИ „ГАРНИЗОН“ Полицијата уапси 5 лица

Петмината физички нападнале неколку лица во угостителски објект на улицата Гоце Делчев во Куманово и оштетиле инвентар, соопшти кумановската полиција.

429

Кумановската полиција синоќа приведе 5 лица на возраст од 19 до 32 години затоа што се тепале  во угостителски обејкт во кумановскиот комплекс „Гарнизон“.

„Ноќеска во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.А. (26), Х.Р. (21), З.Е. (22), А.Р. (32) и Ш.Ш. (19) сите од Куманово, затоа што во угостителски објект на улицата Гоце Делчев во Куманово физички нападнале неколку лица и оштетиле инвентар во објектот“ соопшти СВР Куманово.






Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини