ГРУПАТА НА ПАЛЕВСКИ ИМАЛА СПИСОЦИ ЗА ЛИКВИДАЦИИ! Ременски очекува истрагата да се прошири

Професорката бара да се прошири истрагата за оваа група, бидејќи нивните дејствија се еднакви на тероризам.

6,320

Професорката на Факултетот за безбедност Фросина Ташевска Ременски вели дека има неофицијални информации дека групата на Љупчо Палевски имала „поголеми планови“.

– Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај – вели  Ташевска Ременски, во разговор за Гласот на Америка.

Таа бара да се прошири истрагата.

– Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира  – вели Ташевска Ременски.

Ременски тврди дека однесувањето на групата се следело, но зошто досега не е преземено ништо, таа нема одговор. Таа додава дека оваа група има влијание од проруски структури.

Таа се сомнева дека мотивот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е само изнуда, туку има и други мотиви кои треба да се испитаат.

 

Поврзани содржини