Групација „Балфин“: Малопродажната индустрија продолжува да еволуира
Во нашата земја, во моментов, „Балфин“ е присутен преку синџирот продавници за електроника „Нептун“ Македонија. Се состои од 25 продавници кои на најголем простор нудат најширок асортиман на електронска опрема и апарати за домаќинство за потрошувачите.
Малопродажната индустрија поминала долг пат од едноставната трговска размена од типот „земи ја оваа крава во замена за 5 коша пченица“. Потрошувачите очекуваат секој ден сè повеќе од малопродажните компании. Сакаат персонализирани искуства, но и удобност и ефикасност. Компаниите продолжуваат да се менуваат и да еволуираат со цел да им излезат во пресрет на потрошувачите и да ги задоволат нивните побарувања.
Групацијата „Балфин“ е пионер во создавањето малопродажни синџири, овозможувајќи им на потрошувачите достапност до различни брендови и квалитетни производи по најдобра цена. Малопродажните активности на оваа групација се фокусирани во областа на електрониката, облеката, прехранбени производи, индустриски продукти, детски играчки итн. Како една од најзначајните и најсилните инвестициски групации на Балканот, „Балфин“ демонстрира вештина во менаџирањето и проширувањето на малопродажните синџири, не само на албанскиот пазар, туку и за успешното приспособување на регионалните пазари. Компанијата успеа да ги прошири мрежите на продавници за електроника, облека и за играчки во Косово, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Нивните малопродажни синџири ги вклучуваат маркетите „Спар“ во Албанија, „Џамбо“ Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, „Нептун“ Албанија, Косово и Македонија, како и „Фешн груп“ Албанија и „Алба трејд“ Австрија.
– Упорноста, издржливоста и страста се елементите што никогаш нема да ве остават на цедило. Исто така, многу е важно да бидете во чекор со иновациите и со современите трендови. Понекогаш пазарот ја диктира побарувачката, но многупати ти си тој што треба да го едуцира пазарот во поглед на новото, практичното и модерното, она што прави револуција во начинот на живеење и што ги прави секојдневните активности полесни – вели Јулијан Мане, потпретседател за малопродажба во „Балфин“, зборувајќи за успехот на групацијата.
Накратко, иновациите се клучот за сè што прави „Балфин“. Таков е случајот и во областа на малопродажбата.
– Продолжуваме со нашите напори да ја зголемиме и подобриме дигитализацијата на сите наши системи, и во поглед на онлајн-шопингот, кој бележи експоненцијален раст за време на ковид-19, како и сите други наши оперативни системи. Овој тренд ќе се стабилизира, дури и ќе продолжи да расте, и ќе стане нова реалност. Малопродажбата, пак, по малото опаѓање во периодот од март до јуни, закрепнува со задоволувачки ритам и во моментов сме многу блиску да продолжиме онаму каде што застанавме – објаснува Мане.
Во нашата земја, во моментов, „Балфин“ е присутен преку синџирот продавници за електроника „Нептун“ Македонија. Се состои од 25 продавници кои на најголем простор нудат најширок асортиман на електронска опрема и апарати за домаќинство за потрошувачите. Заедно со 27-те продавници во Албанија и 12 во Косово, „Нептун“ е лидер на полето на електрониката на пазарите во овие три земји.
– Одржливоста на пазарот, квалитетот, обучените вработени, грижата за потрошувачите, придобивките од програмата за лојалност и сериозниот пристап се дел од стандардите со кои работи „Нептун“ и поради кои е еден од најдоверливите малопродажни синџири на Балканот – вели Мане.
Низ годините, „Нептун“ Македонија континуирано го зголемува бројот на продавници и вработени, ги подобрува продажните резултати и инвестира во добра и оперативен капитал. Бројот на брендови што се достапни за потрошувачите, исто така, расте. Голем дел од овие брендови се ексклузивно достапни само во продавниците на „Нептун“. Од менаџментот на компанијата велат дека за нив се најважни инвестициите во иновативни решенија и во човечките ресурси.
– Без квалитетни и задоволни вработени, тешко ќе ги постигнете зацртаните цели. Без иновации, не можете да растете. Понудата на производи е уште една предност. „Нептун“ е добро познат како синџир што секогаш ги има најновите и најексклузивни производи од светската технологија. Исто така, многу важна е и достапноста на продавниците – имаме продавници во речиси секој поголем град во државата и во секоја од нив работат посветени и квалификувани лица, кои им помагаат на потрошувачите да го пронајдат она што го бараат – вели Никола Митревски, координатор за корпоративен маркетинг во „Нептун“ Македонија.
Во јуни годинава „haPPy“ програмата за лојалност на „Балфин“ доби признание, „златна награда“ во категоријата Најдобра партнерска иницијатива на Наградите за лојалност 2020, кои ги организира „Босијас комуникации“ во Атина, Грција. „haPPy“ програмата е креирана од „Он солушнс“, компанија која е дел од групацијата „Балфин“, во соработка со „Кивос“. Наградата ја добија за овозможување уникатно корисничко искуство и постигнување интеракција со потрошувачите во четири различни компании под една шема за лојалност. Програмата за лојалност на „Балфин“ го доби признанието благодарение на исклучителниот механизам за комуникации меѓу брендот и потрошувачот, кој води до градење лојалност кон брендот. Оваа програма им е, исто така, добро позната и на потрошувачите на „Нептун“ Македонија.
– Имаме голема база на лојални потрошувачи. Досега имаме издадено 300.000 „haPPy“ картички, што значи 300.000 семејства купиле нешто од нашите продавници и се членови на нашата програма за лојалност. Тоа е импозантна бројка и горди сме на неа. Програмата за лојалност им овозможува на корисниците големи попусти, наградни поени кои се конвертираат во ваучери за натамошно купување – објаснува Митревски.
Купувањето онлајн е реалност веќе подолго време за сите малопродажни компании под капата на „Балфин“. Глобалната пандемија веројатно дополнително го промени начинот на кој луѓето гледаат на купувањето различни продукти онлајн. Тоа што е особено важно и што го знае добриот продавач е дека купувачкото искуство мора да биде беспрекорно, без оглед дали се купува онлајн или во физичка продавница.
– Ние се посветивме на онлајн-продажбата значително пред да почне пандемијата. Во lockdown-периодот влеговме технички спремни и резултатот беше значителен пораст на онлајн-продажбата. Голем број лица ни поставуваа прашања преку имејл за процесот на купување онлајн и доставата до дома. Тоа се нови потрошувачи. Нашиот тим беше посветен, како и секогаш, во намерата да им обезбеди еднакво задоволувачко потрошувачко искуство како и во продавниците – вели Митревски.
Тој додава дека „Нептун“ продолжува да го подобрува искуството на своите онлајн-купувачи. Компанијата неодамна лансира нова современа веб-страница и мобилна апликација, кои исто така влијаеле врз зголемувањето на онлајн-продажбата.
– „Балфин“ ги користи и двата системи со солидна флексибилност. Во lockdown-периодот имавме зголемување на онлајн-шопингот. Сега кога сме во процес на нормализација, онлајн-шопингот продолжува, но исто така и купувањето во физичките продавници се одвива со задоволувачки ритам. Секако, на долг рок, ќе има нагорен тренд за купување онлајн, но сметам дека и физичките продавници ќе опстанат уште многу долго време за да ги задоволат барањата и потребите на потрошувачите – смета Мане.
Малопродажните компании на „Балфин“ на сите гореспоменати пазари бројат речиси 200 продавници кои снабдуваат илјадници потрошувачи со сè што може да му треба на едно семејство – од храна до облека, од играчки до електроника. Високите стандарди и квалитет, грижата за потрошувачите и иновативниот пристап се причина зошто луѓето им веруваат на овие компании. Името зад сите нив е „Балфин“.
Освен во областа на малопродажбата, „Балфин“ е многу добро познат по своите инвестиции во областа на градежништвото, недвижнините, енергетиката и рударската индустрија, како и во банкарството. Меѓу другото, јавноста во Македонија со возбуда очекува уште еден од проектите на „Балфин“ – трговскиот центар „Скопје ист гејт“, дел од мултифункционалниот комплекс со исто име, чие отворање се очекува идната година и кој ќе донесе нов сет на светски брендови кои потрошувачите ги обожаваат.