Груевски: Власта продолжува со политички прогон и со хајката против мене

Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација - вели поранешниот премиер.

769

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој моментално е во бегство во Будимпешта, со статус на својот Фејсбук профил пишува дека и новата истрага е политички прогон против него и други луѓе за да се изнудат изјави против него.

– Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта. Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа – напиша Груевски.






ОЈО соопшти дека отворена е истрага за „Плацевите на Водно“, а првоосомничен во случајот е Груевски, за кого истрагата покажала дека тој со пари на партијата си купил плацеви во вредност од над 1,3 милиони евра. На неговиот кум Ристо Новачевски му беше одреден притвор за „Плацевите на Водно“.

Власта продолжува со политичкиот прогон и хајките против мене и против други луѓе кои ги прогонуваат за да изнудат било…

Nikola Gruevski 发布于 2020年10月19日周一

Поврзани содржини