ГРУЕВСКИ УШТЕ Е ВО БУДИМПЕШТА Пендаровски вели дека законските измени добро им дошле на сегашни функционери од ВМРО-ДПМНЕ
Но, доколку е така, нека објаснат како измените, односно често споменуваниот член 353 ги опфаќа и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ како Антонијо Милошоски, Игор Јанушев, Миле Јанакиески, Димитар Димовски, вели Пендаровски.
Измените во Кривичниот законик не биле донесени за да се амнестира поранешниот премиер Никола Груевски кој и по месец ипол од измените уште е во Будимпешта, но истите измени добро им дошле на актуелни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот Стево Пендаровски во гостување на ТВ 21.
– Опозицијата ме обвинува дека со потпишувањето на указот за измените на Кривичниот законик сум се додворувал на СДСМ и ДУИ за поддршка за втор мандат и дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на сегашните функционери, кои кога нема да бидат на власт нема да одговараат бидејќи ќе го нема членот 353 – истакна претседателот Пендаровски и додаде:
– Но, доколку е така, нека објаснат како измените, односно често споменуваниот член 353 ги опфаќа и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ како Антонијо Милошоски, Игор Јанушев, Миле Јанакиески, Димитар Димовски.
Шефот на државата смета дека мора да се открие зошто во државава намерно се застаруваат предмети.
– Јас сум прислушкуван цели 3 години, тој предмет е три пати враќан на повторно судење. Зошто не е завршен до сега? Тука има опструкции кои се правени на страна на дел од судиите. Осум години не може да осудите предмет… Вие може да барате изговори… Добрила Кацарска го осуди најкомплексниот случај 27април, дење ноќе имаше рочишта и го донесе до правосилна одлука. Значи се можело. ЈАс не навлегувм во казните и доказниот материјал, но многу уникатен случај, но ја заврши работата. За висината на казната може да се сложуваме или не. Еве да се вратиме за Сончев Град, во обвиниението стоело дека Јанакиески го направил делото во 2007 година, 16 години сме до првостепена одлука. Сакам да видиме зошто го прават тоа. Гледам што се се прави со тоа намерно забошотување на предмети, вчера застане предмет во кој беше Мијалков, во февруари застари предмет за кој новинарите одбројуваа, и нема одговорност и судскиот совет да реагира. Јсс бев во 10 луѓе во 2016 кога доаѓавме на власт, кој се согласивме со аргументицјата на Брисел. Искрено ми е жал што не се спротивставивме на тоа – објаснува претседателот.
Пендаровски вечерва во „Клик Плус“ рече и дека очекува намалување на покачените плати на функционерите вклучително и на претседателската плата. Тој рече и дека бил првиот кој побарал коркција на законското решение со кое тие беа покачени за 78% и посочи дека на ова се чека веќе шест месеци, а дека и власта и опозицијата молчеле.
– Побарав да се направи нешто да се сменат коефициентите по кои земаме плата, и да се нивелираат платите на ниво на држава, затоа што е недозволено директор на некое ЈП да зема 2-3 пати поголема плата од претседател или премиер. На Уставниот суд одлуката е во март, шест месеци чекаме Владата да предложи закон за намалување на платите, и не знам зошто се чека и да го усвоиме час поскоро. И да не чекаме реакции по повод одлуката на Уставниот суд. И власта и опозицијата си премолчеа – вели Пендаровски.
Запрашан за став дали е потребно парламентарните и претседателските избори идната година да се одржат одвоено или заеднички на што тој истакна дека одлуката дали ќе се одржат предвремени парламентарни избори е на Собранието и е потребен политички договор околу датумите на одржување.
Во однос на барањето на опозицијата за идните избори да се одржат заеднички поради наводните тврдења за неизлезност, како и најавите за тивок бојкот од нивна страна, претседателот Пендаровски истакна дека доколку големите политички партии учествуваат на изборите тогаш ќе има излезност од над 40 %, и доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека нивната партија води на анкетите, тогаш не би се плашеле да излезат на избори кога и тие да се одржат.