Груевски станува бизнисмен во Унгарија, еве со што ќе се занимава
Поранешниот премиер Никола Груевски кој од Македонија побегна во Унгарија среде судење за корупција и доби азил есента 2018 година, со адреса во Дистрикт 5, доби и право на глас на локалните избори во Будимпешта наредната година, пишува на насловната страница унгарскиот портал 24.ху.
Неодамна во малото гратче Пецел, на двасетина километри од Будимпешта е регистрирана компанија со име И.Ц.И.Ц. (I.C.I.C.), а како нејзин директор и сопственик се води поранешниот премиер Никола Груевски кој моментално е во азил во Унгарија.
Според информациите до кои дојде Дојче веле на македонски јазик, редакција која го поседува изводот од Централниот регистарт, компанијата е регистрирана со широка деловна активност во најмалку 10 различни сектори и според изводот куќа на улицата Бошкаи број 9 од 14 јули годинава е дом на новата фирма на експремиерот.
Поранешниот премиер Никола Груевски кој од Македонија побегна во Унгарија среде судење за корупција и доби азил есента 2018 година, со адреса во Дистрикт 5, доби и право на глас на локалните избори во Будимпешта наредната година, пишува на насловната страница унгарскиот портал 24.ху. како вовед во веста дека Груевски отворил сопствен бизнис со керамика во Унгарија.
Во написот за новиот бизнис на Груевски во Унгарија, порталот наведува детали од неговата биографија, работата во Балканска Банка, Македонската берза, соработката со унгарски Матав, министерувањето во Финансии кога се воведе данокот на додадена вредност и подоцна кампањата „Купувајте македонски производи“.
– Но тој не си купуваше за себе само македонски производи, туку и Мерцедес – пишува порталот и додава дека поради тој случај избега од Скопје, а беше осуден на двегодишна затворска казна. – Груевски купи блиндирано возило со државни пари, влијаеше од каде да се земе автомобилот и беше обвинет за корупција – наведува 24.ху.
Груевски одлучил во регистрацијата на фирмата да ја наведе адресата на неговиот адвокат во Будимпешта, јави Дојче веле.
Никола Груевски е поранешен премиер на Македонија кој е веќе три години во бегство. Македонија бара негова екстрадиција за издржување затворска казна и за судење во повеќе кривични предмети.
– Зошто Груевски доби азил во Унгарија? Дали е ова врзано со политиката на Орбан за Балканот, градење на неговиот федерален систем? прашува порталот и додава дека Орбан заедно со словенечкиот премиер Јанез Јанша и Груевски се членови на таканареченото „Охридско трио“ кои се сретна во 2017 година во Скопје. „Во земјите наследнички на поранешна Југославија, унгарскиот премиер востпостави најдобри односи со овие двајца политичари (иако има одлични односи и со српскиот премиер Александар Вучиќ), пишува порталот 24.ху.