Груевски со искуства од Унгарија за коронавирусот: Буџетот итно да се прекрои, а државата да се задолжи

6,734

Поранешниот премиер Никола Груевски повикувајќи се на искуства од Унгарија, каде што престојува како азилант, на Фејсбук објави поширока анализа со неколку идеи поврзани со ситуацијата во која е Македонија, а пред се, како што вели во економската област и можните следни чекори во борбата против коронавирусот.

„Во вакви кризни ситуации, потребни се молневити, крупни и радикални мерки. Ако си бавен па дури и перфектен во чекорите, ја губиш битката. Дури и нешто да згрешиш, по важно е да си брз. Најголемата грешка е бавноста и доцнењето.Треба брза реакција и веднаш да си зад петици на вирусот. Да го запреш ширењето. Да си пред него. Да ја активираш заедницата, граѓаните, да направиш брза и добра координација и кохерентност со другите сектори.






Треба исто така да сме свесни дека бројот на заболени, не само кај нас туку и во повеќето земји е најмалку 10 до 15 пати поголем од официјалните бројки, од причина што многу кои се помлади и здрави, 80% не го пријавуваат тоа или дури не се ни свесни затоа што лесно го поминуваат со мали или никакви симптоми, но сите тие се преносници и заразуваат други кои може потешко да поминат.

Вистинска штета е што владата кога веќе не ги искористи за ваков вид цели средствата од фондот за иновации, веднаш не стимулираше и не помогна пронаоѓање на вакцина од нашите научни институти. Покрај големите и богати држави и земји од источна Европа го прават тоа, како на пример Унгарија и Србија.

Еден од научните институти на Унгарија веќе пред неколку дена успеа да го издвои вирусот само неколку дена одкако тоа го направи Канада, а тоа е предуслов за создавање вакцина. Ова не само заради финансиски причини туку и заради брзината на добивање на вакцината, бидејќи тогаш кога ќе излезе вакцина, ќе поминат месеци додека Македонија дојде на ред да ја купи потребната количина за своите граѓани. Мислам дека иако доцниме сеуште е корисно да се започне ова, особено по претпоставките на дел од научниците дека над 50% од луѓето ќе се заразат“, пишува Груевски.

Тој предлага неколку мерки кои мора итно да се преземат за поефикасно справување во вонреднава сосојба и вели дека државаа мора ино да се задолжи за да ја финасира кризата.

„За овие цели државата мора да се задолжи итно за да ја финасира кризата во секој поглед. Буџетот мора да е ликвиден. Буџетскиот дефицит сериозно ќе порасне, девизните резерви ќе се намалат. Дефицитот на буџетот ќе се враќа во нормала кога ќе помине кризата. Ќе се вратат и долговите а ќе пораснат пак и девизните резерви.
Но треба да преживеат тие кои треба да ги враќаат долговите, а освен луѓето тоа се фирмите, економијата.

Буџетот треба итно да се прекрои. Да се скратат сите трошоци кои не се итни и неодложни а парите да се пренаменат за итните трошоци поврзани со кризата.
Унгарија на пример веќе објави дека ќе ги прекине обврзниците за бебиња, ги прекинува и студентските кредити и парите ги пренасочува за борба против вирусот и за економијата и другите итни потреби и штети. Човечките животи се поважни од се“, вели Груевски.

Поврзани содржини