Груевски може да одговара и за перење пари, ако бизнисот во Унгарија го тера со парите од Македонија
Oбвинителката Ленче Ристовска вели дека експремиерот Никола Груевски, кој како бегалец од правдата, отвори бизниси во Унгарија, би можел да се соочи со уште една постапка – за перење пари, доколку се докаже дека пари изнесени од С. Македонија се користат за бизниси во странство, пишува Дојче Веле.
– Ако се дојде до сознанија дека Груевски има вложувања во странство, може да се отвори нов предмет за перење пари, ако се има предвид дека за него во земјата се водат неколку постапки за кривични дела поврзани со корупција, коишто генерирале профит – вели обвинителката Ленче Ристовска.