Груевски го честита роденденот на ВМРО-ДПМНЕ: Силата е во секој член, активист и во секој човек кој сака многу поуспешна Македонија

Тој пишува дека ВМРО-ДПМНЕ низ годините, од нејзиното основање била носител на најголемите општествени и економски промени, реформи и напредоци на Македонија.

304

Во предвечерието на 31-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, како нејзин поранешен долгогодишен водач низ мноштво победи и успеси, на сите членови на партијата им го честитам партискиот роденден, испрати роденденска честитка до членството преку  Фексбук експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој пишува дека ВМРО-ДПМНЕ низ годините, од нејзиното основање била носител на најголемите општествени и економски промени, реформи и напредоци на Македонија.






– 181.000 членови колку што броеше партијата при моето заминување од кормилото на истата беа носители на тие промени и напредоци, без чија поддршка тие немаше да се случат. Силата на ВМРО-ДПМНЕ е всушност нејзиното членство кое заедно со симпатизерите и поддржувачите на нејзините политики и со помош на коалициските партнери во изминатите 31 година беа носителите на идејата за независност, носители на промените, реформите, успесите и напредокот на Македонија, но и силата која беше на браникот на одбраната на Македонија низ многу тешки моменти“, пишува екслидерот.

Тој додава дека денес кога Македонија е под режимот на една мафијашка власт која економски ја врати Македонија децении назад, која го контролира правосудството и ја диктира неговата работа во најситни детали од тоа кој да биде прогонуван до тоа кога и на каков начин тоа да се објави и пласира на јавноста преку мноштвото контролирани медиуми, кога националните интереси се на распродажба и кога криминалот и рекетот се главната водилка на власта, од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ.

„А силата е во секој член на партијата, во секој активист, во секој поддржувач и во секој човек во земјата и дијаспората кој сака многу поуспешна и попросперитетна Македонија“, напиша во честитката Груевски.

Поврзани содржини