Груби заработи казна од 500 евра за роденденската прослава на Ахмети
Тој казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја има платено помалата од 20 евра за неносење маска издадена од МВР, како што добија и сите останати на фотографијата.
По извршениот увид од страна на Државниот инспекторат за труд било утврдено дека вицепремиерот Артан Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски, пренесува Телма.
Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба.
Вицепремиерот Груби казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја има платено помалата од 20 евра за неносење маска издадена од МВР, како што добија и сите останати на фотографијата.