Груби со црево ја миеше Старата скопска чаршија пред празникот Рамазан Бајрам (ВИДЕО)

„Вечерва заедно со општинските работници за хигиена ги чистиме, дезинфицираме и подготвуваме џамиите во Скопје во пресрет на Рамазан Бајрам“, напиша тој на неговиот Фејсбук профил.

1,803

Првиот вицепремиер Артан Груби вчера вечерта помагаше во чистењето на Старата скопска чаршија и џамиите пред празникот Рамазан Бајрам.

„Вечерва заедно со општинските работници за хигиена ги чистиме, дезинфицираме и подготвуваме џамиите во Скопје во пресрет на Рамазан Бајрам“, напиша тој на неговиот Фејсбук профил.






Како што соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје, направено било рачно и машинско миење на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје.

„Со употреба на три автоцистерни и едно специјално комунално возило-ВАП, беше извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и други“, се вели во соопштението.

По овој повод, директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани и скопскиот муфтија, Кенан Исмаили, денеска им се обратија на муслиманските верници пред Мустафа-пашината џамија.

– Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и оваа година спроведоа засилени активности за чистење на исламските верски објекти. Ја користам оваа прилика на сите муслимански верници да им го честитам претстојниот празник со надеж дека сите заедно преку одговорно и внимателно однесување ќе придонесеме за одржување на хигиената и чистотата во нашите верски објекти и на тој начин ќе го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите семејства – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Поврзани содржини