Груби: Разговаравме за воведување флексибилно работно време во петоците

Владината политика е креирана врз основа на политиката на СДСМ и ДУИ, како и на другите политички партнери кои го сочинуваат мнозинството - рече вицепремиерот. 

3,776

Во однос на платите, самите сте сведоци дека имаше зголемување на платите на медицинскиот персонал, рече вицепремиерот Артан Груби на денешната конференција, откако му беше поставено прашањето дали Владата ќе ги реализира ветувањата на ДУИ.

– Секако дека разговаравме за воведување флексибилно работно време во петоците, како и неделите да бидат целосно неработни денови. Владината политика е креирана врз основа на политиката на СДСМ и ДУИ, како и на другите политички партнери кои го сочинуваат мнозинството – рече вицепремиерот.






Премиерот Зоран Заев додаде дека веќе се започнати постапките за законски измени кога станува збор зголемувањето на платите.

– Започнуваме со законски измени за зголемување на платите. Постапките се започнати. Денот недела ќе биде неработен ден, а и ветингот е почнат за функционерите. Еднаква правда ќе има за сите, законите еднакво ќе важат за сите – рече Заев.

Поврзани содржини