ГРУБИ ПОСТАВУВАЛ СУДИИ ВО ВРЕМЕ КОГА БЕШЕ КОЛЕГА СО ФИЛИПЧЕ Зошто сè уште нема истражна постапка за поранешниот вицепремиер?
Неотворањето истражна постапка против Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДСМ со правосудството, што го потврди САД со ставањето на десната рака на Али Ахмети на нивната црна листа, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Неотворањето истражна постапка против поранешниот вицепремеир Артан Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДСМ со правосудството, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Партијата вели дека Груби поставувал судии и обвинители во пердиод кога бил колега со Венко Филипче, актуелниот лидер на СДСМ, а дека сега правосудството одработува за спас на криминалците.
„Тоа се покажа и потврди и со ставањето на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот на САД. Една од причините поради кои Груби се најде на црната листа, е токму заради криминалното мешање во судството, кој зел мито за да влијае на судски одлуки.
Криминалните дејствија успеа да ги види и за нив да обезбеди докази нашиот стратешки партнер САД, но тоа не можат да го видат нашите октроирани и од СДСМ и ДУИ поставени обвинители. Со секој изминат ден во кој нема истражна постапка за утврдување на криминалните дела сторени од Артан Груби, Јавното обвинителство го пробива секое дно и ја поткопува и така ниската доверба од граѓаните.
Неотворањето истражна постапка против Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДСМ со правосудството, што го потврди САД со ставањето на десната рака на Али Ахмети на нивната црна листа.
Неотворањето истражна постапка против Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДСМ со правосудството, што го потврди САД со ставањето на десната рака на Али Ахмети на нивната црна листа.
На цела македонска јавност сега ѝ е јасно за повиците на ВМРО-ДПМНЕ до судството и обвинителството да почнат да си ја работат работата за кои се платени и да работат по закон. И исто така, македонските граѓани добро знаат дека на таквите повици кога реагираат СДСМ и ДУИ дека тоа било политички притисок, всушност се нивните изблици на страв од губење на контролата и доаѓање на период на одговорност за сторените криминали.
Сите знаат дека драмолетката и циркусот со Уставен суд е, исто така, режија на ДУИ за политичка и медиумска видливост и дефокусирање на јавноста. Сè што СДСМ и ДУИ прават и правеле во изминатиот период, е за да се спасат од одговорноста која им следи за сиот криминал направен изминатите години, и за тоа не бираат средства и ги користат дури и најсензитивните теми, како меѓуетничките односи.
Одговорност за сторените криминали и корупција од страна на челниците на СДС и ДУИ мора да има, а за тоа е потребно само судиите и обвинителите да почнат да работата по закон“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.