ГРУБИ ПОСЕДУВА „БОМБИ“ ЗА ДУИ КОИ МУ СЕ ПОДАРОК ОД ЗАЕВ Ќе почне ли поранешниот вицепремиер да го уценува Ахмети?

Груби, според внатрешни извори, со поддршка на Али, е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери. Овој разумен страв доаѓа од фактот дека некогаш, во времето на бомбите, сите снимени разговори кои се однесуваа на ДУИ, вклучително и на Али, му беа предадени на Артан од Заев, објави поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

3,111

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој е во бегство поседува „бомби“ за раководството на ДУИ, а тие „бомби“ му се дадени токму од поранешниот премиер Зоран Заев, тврди ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини.

Тој вели дека Груби е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери.






„Груби, според внатрешни извори, со поддршка на Али, е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери. Овој разумен страв доаѓа од фактот дека некогаш, во времето на бомбите, сите снимени разговори кои се однесуваа на ДУИ, вклучително и на Али, му беа предадени на Артан од Заев“, открива Хајредини.

Како што е познато, додава тој, во стотиците пуштени бомби не излегоа бомби за водачите на ДУИ, иако сите тврдат дека има многу, и дека се добро чувани во приватниот сеф на Артан Груби.

„Со нив може да уценува и да сее страв“, пишува Хајредини.

Поврзани содржини