Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби по стапките на сопартиецот Бујар Османи, изврши инспекција на уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“.
Порталот на албански јазик Тетовасот, објави фотографии на кои се гледа како Груби го следи урвањето на објектот и разговара со работниците.
Во минатиот владин состав, тогаш вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вршеше инспекција дали се поставени двојазични табли во институциите, како и увид во трошењето на европските пари од ИПА фондовите.