Артан Груби, првиот вицепремиер и близок соработник на лидерот на ДУИ Али Ахмети, на својот Фејсбук профил објави видео за дејствувањето на Ахмети именувано „Финалната битка на нашиот лидер, победник во сите битки“.
Видеото е сублимат на военото и политичкото дејствување и успесите на Ахмети почнувајчи од студентските протести во Приштина, војувањето на ОВК, Охридскиот договор, територијалната поделба, албанското знаме,албанскиот јазик, Албанец претседател на Собранието, зачленувањето на Македонија во НАТО и Албанец премиер.
Видеото е постирано во моментот кога лидерот на ДУИ во просториите на мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС во Приштина дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово.
Beteja finale e prijësit tonë, ngadhnjyes në të gjitha betejat.
由 Artan Grubi 发布于 2020年9月2日周三