ГРУБИ, НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО И СУДИЈАТА БЕЏЕТИ НА „ЦРНАТА ЛИСТА“ Стејт департментот ги обвини за земање мито за судењата на Мијалков
Според информациите, тие примиле мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
Стејт департментот на САД донесе одлука на „црната листа“ ги стави поранешниот вицепремиер на Македонија, Артан Груби, неговото семејство и судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд, поради нивно учество во значителна корупција.
Според информациите, тие примиле мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
Сашо Мијалков веќе ставен на црната листа на Стејт департментот во 2022 година за корупција, а Канцеларијата за контрола на странски имоти (OFAC) го санкционираше согласно Извршната наредба 14033.
„Дел од акцијата на Стејт департментот вклучува и означување на членовите на потесното семејство на Артан Груби. Оваа мерка претставува јасен сигнал за поддршка на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија“, пишува во соопштението од Стејт депарментот.