ГРУБИ НЕ Е ДРЖАВЈАНИН НА АЛБАНИЈА Не му следува азил затоа што е функционер осомничен за организиран криминал
Поранешниот министер за правда Михајло Маневски вели дека во случајот на Груби, кој што побегна од Македонија и против кого е определена мерка притвор, се работи за кривично дело на организиран криминал, поврзан со вршењето на неговата функција како вицепремиер во македонската влада, а за тоа ниедна држава не дава азил.
Избеганиот осомничпен криминалец Артан Груби не е државјанин на Албанија, велат од кабинетот на албанскиот претседател. Нема ниту запис во албанскиот службен весник, според кој Груби се здобил со албанско државјанство, објави Бирн.мк.
Од Бирн контактирале со кабинетот на албанскиот претседател Бајрам Бегај, од каде добиле потврда дека Груби нема пасош од Албанија.
Ако навистина поранешниот вицепремиер се наоѓа во местото Хамалај во близина на Драч и сака да се засолни во Албанија, нема друга опција освен од Тирана да побара азил.
Но, според меѓународните конвенции, за економски криминал сторен од политичар додека извршувал владина функција, вообичаено не се дава политичка заштита.
Поранешниот министер за правда Михајло Маневски вели дека во случајот на Груби, кој што побегна од Македонија и против кого е определена мерка притвор, се работи за кривично дело на организиран криминал, поврзан со вршењето на неговата функција како вицепремиер во македонската влада.
– Бегањето од одговорност за такви кривични дела не е основ за добивање на азил. Напротив, државите согласно меѓународните конвенции се обврзани да соработуваат за спречување на организираниот криминал, бидејќи таквиот криминал им штети на граѓаните на државите – вели Маневски за телевизија Алфа.
Ако Артан Груби се наоѓа во Албанија, додава Маневски, албанската влада е дожна да постапи по издадената меѓународна потерница и да определи есктрадициски притвор за него, па да го испорача на властите во Македонија.
– Постапката за екстрадиција не би требало и не би смеело долго време, затоа што прашањето за организираниот криминал е прашање кое има светско значење. Ниту една држава не смее да штити таков криминал – вели Маневски.
На Груби му е определен притвор од 30 дена заради сомнение дека учествувал во проневера на 8 милиони евра од Државна лотарија. Тој пред 10 дена избега од Македонија и МВР за него распиша меѓународна потерница.
Засега не е познато каде се крие осомничениот криминалец Груби.