Груби: Не ја познавам личноста, ниту ѝ ги знам мотивите поради кои ја оштети колата
Во инцидентот никој не е повреден.
Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Груби вели дека ветробранското стакло на владиното возило е искршено пред главниот влез на Собранието додека тој бил на пленарна седница на која се расправаше за Законот за распределување на рамковните административци.
Во инцидентот никој не е повреден.
МВР соопшти дека е приведена жената која го скршила ветробранското стакло.