📷 ГРУБИ НА ШОПИНГ ВО „ВЕРСАЧЕ“ И „ГУЧИ“ ВО АВСТРИЈА Вака опозициската ВМРО-ДПМНЕ го демантираше вицепремиерот

Денеска Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

3,142

А како тоа Артан Груби, кој е во Австрија и пазарува во луксузните продавници на „Гучи“, „Барбери“ и „Версаче“ знае дали Арбен Таравари бил присутен во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

Вака партијата на Кристијан Мицкоски го започнува демантот испратен до вицепремиерот Груби откако медиуми за кои ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се блиски до вицепремиерот попладнево објавија информација дека лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, се сретнал со Мицкоски во седиштето на партијата во Скопје.






„Денеска Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта. Наместо соопштенија во име на медиум и негова злоупотреба како да е прес-центар на ДУИ, наредниот пат може да пушти соопштение и од својот личен маил. Се разбира под услов да е точно и вистинито“, се вели во демантот од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ни испратија и фотографии на коишто се гледа како вицепремиерот Груби се шета од бутик во бутик во Австрија.

Поврзани содржини