Груби: Mojaта мисија ќе биде рамноправноста

Обврска ми е да се грижат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, но и за добра кохезија за сите - изјави Груби.

559

На денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби рече дека има света и суштинска задача да ја спроведува агендата.

– Обврска ми е да се грижат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, но и за добра кохезија за сите – изјави Груби.






Тој дека ќе ги мониторираат реформите, да има неселектива правда преку ветингот, ќе ги распоредат вработените преку Рамковниот договор, ќе соработува со бизнис секторот.

Груби вети дека ќе работи на подобрување на пријателството со САД и ЕУ.

– Јас не престанувам да работам и не дозволувам да ги разочарам граѓаните. Ќе работам за оние кои гласаа за нас, оние кои гласа против, но и за оние кои воопшто не гласаа’, додаде Груби.

Вели дека неговата мисија ќе биде рамноправноста.

На граѓаните им порача да ги ценат по работата, а не по зборовите и по четири години да им посочат дали и како ги завршиле сите ветени работи.

Поврзани содржини