Груби: Ми се јавуваат луѓе и ми нудат вакцини, денеска од Германија ми понудија 5 милиони вакцини

6,051

Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека му се јавуваат луѓе кои му нудат вакцини, а таков пример е вели и денешниот ден кога луѓе од Германија му понудиле дури 5 милиони вакцини.

– Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има – порача Груби.






Тој посочи дека денеска се слушнал со министерот за здравство Венко Филипче кој го информирал дека на почетокот на месец април ќе пристигнат вакцини.

– Денес се слушнав со министерот Венко Филипче и ми кажа дека почетокот на месец април ќе пристигнат 800.000 вакцини од Ковакс системот, и 200.000 од Кина наредните денови. Со компанијата Фајзер сме во постојана комуникација, а во процедура сме и со Спутник. Има директни контакти – нагласи Груби.

Поврзани содржини