Груби и официјално прв заменик на Заев

648

На конститутивната седница на владата за заменици на премиерот беа определени Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв заменик претседател на владата, Љупчо Николовски заменик претседател за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи за заменик претседател на владата за економски прашања и за координација со економските ресори и Никола Димитров за заменик претседател на владата задолжен за европски прашања, соопшти владата.

Именувани се и претседателите и членови на основните комисии на владата.






Од владината прес-служба информираа дека за претседател на Комисијата за економски систем и тековна економска политика е именуван заменик претседателот на владата за економски прашања и за координација со економските ресори Фатмир Битиќи, а со комисијата ќе копретседава и министерот за финансии Фатмир Бесими.

За претседател на Комисијата за политички систем е именуван министерот за политички систем и односи меѓу заедниците и прв вицепремиер на Владата, Артан Груби, а за претседател на Комисијата за човечки ресурси е именуван Љупчо Николовски, заменик претседател за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси.

Поврзани содржини