ГРУБИ И КОВАЧЕВСКИ ЌЕ ОДГОВАРААТ, НЕМА КАДЕ ДА БЕГААТ Мицкоски верува дека правдата е бавна, но неизбежна

Во однос на бегството на поранешниот вицепремиер, Артан Груби, и на ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, премиерот Христијан Мицкоски не гледа пропуст во институциите и верува дека правдата, како што рече, „ќе ги стигне“.

526

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од досегашната борба со корупција, но истакна дека конечните резултати зависат од судската власт. Во однос на бегството на поранешниот вицепремиер, Артан Груби, и на ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, тој не гледа пропуст во институциите и верува дека правдата ќе стигне. Потенцираше дека Владата ќе продолжи со своите напори во борбата против корупцијата и во следната година.

– Ние како Влада, како извршна власт, можеме за оние случаи на високопрофилирани политички коруптивни случаи, каде што има основано сомневање, да влеземе во истрага, да видиме дали има докази, доколку има да ги обезбедиме, да формираме досие и тоа досие да го доставиме до надлежниот обвинител. Таков е законот. Ние не можеме како Влада да бидеме и извршна и судска власт. Од тој момент, па натаму, обвинителството е тоа коешто цени дали тие докази се доволни за да се отпочне процес, односно да има обвинение или не – рече премиерот на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија.






Тој дополни дека Владата ќе продолжи со своите напори во борбата против корупцијата и во следната година.

– Сето она, коешто го правевме изминатиов период, ќе продолжиме да го правиме и во следната година како извршна власт. Големи имиња, високопрофилирани политички имиња се најдоа во истрага, се најдоа во процеси коишто ги водеше извршната власт и ги достави до обвинителството – дополни тој.

Во однос на бегството на поранешниот вицепремиер, Груби, и на ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, премиерот не гледа пропуст во институциите и верува дека правдата, како што рече, „ќе ги стигне“.

– Не гледам пропуст ниту во институциите, ниту, пак, каков било пропуст, бидејќи е прашање на време кога овие бегалци од правдата ќе се вратат и ќе одговараат зашто да си бегалец од правдата не е така едноставен живот, па дури и да го смените континентот. Така што, мислам дека таа работа нема така да заврши – рече тој.

Премиерот го темели својот оптимизам на искуството дека „правдата е бавна но секогаш доаѓа“ и додаде дека ќе продолжи да ја коментира работата на обвинителството само кога ќе види дека се калкулира.

Јас многу често го коментирам работењето на обвинителството и одлучив да не го коментирам. Само во случаи кога ќе видам дека обвинителството калкулира, тогаш ќе си дозволам да го коментирам, истакна премиерот, дополнувајќи оти смета дека коментарите на власта имаат позитивна улога во работењето на обвинителството.

Поврзани содржини