ГРУБИ ГИ СНИМАЛ И ГИ СЛЕДЕЛ ВРАБОТЕНИТЕ? Стоиљковиќ открива скандал во Министерството за политички систем
Новиот министер Иван Стоиљковиќ за Канал 5 потврди дека биле направени проверки и биле утврдени „некакви неправилности“. Тој посочи дека е ангажирана фирма која се грижи за системот која забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.
Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби наводно незаконски ги снимал и ги следел своите вработени преку надзорни камери. Новиот министер Иван Стоиљковиќ за Канал 5 потврди дека биле направени проверки и биле утврдени „некакви неправилности“. Тој посочи дека е ангажирана фирма која се грижи за системот која забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.
Канал 5 објави дека на социјалните мрежи се појавуваат анонимни писма со обвинувања дека Артан Груби наводно незаконски ги снимал и следел своите вработени преку надзорни камери и дека тоа го правел и преку далечинско управување. Дополнително пишува и дека снимките од хард-дисковите се избришани пред Груби да ја напушти позицијата, воедно и дека за видео надзорот била задолжена надворешна компанија, која сега е фантомска.
Наводите за „незаконски дејствија“ во Министерството додека со него управуваше Артан Груби, ги потврди и новиот министер Иван Стоиљковиќ кој посочи дека случајот е предадени на истражните органи.
– Надворешен упад во системот на камери во министерството за односи помеѓу заедниците, така што некој констатно од различните ип-адреси влегувал во системот и набљудувал што се случува внатре во министерството, ги набљудувал вработените и така натаму. Фирмата која е задолжена за таа работа, која го опслужува системот го установила тоа и го дала во својот извештај, со докази нормално. Ние тие докази ги проследивме до управата – изјави Стоиљковиќ.
Стоиљкович не ја исклучува можноста во овие дејствија да бил вклучен и Груби како министер.
– Со оглед на тоа каква состојба начекавме во министерството, сѐ е можно – вели новиот министер.
Канал 5 стапил во контакт со поранешниот министер Артан Груби, кој обвинувањата ги нарекол апсолутна невистина и додал дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, од компанијата уште пред да стапи тој на функција, а камери имало само во ходниците, влезовите и на законски дозволени места, што биле инсталирани уште во времето на претходната владата.