Груби: ДУИ нема став за иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието

Тој рече дека знае за иницијативата на СДСМ, но не и за содржината

332

Дуи нема став околу иницијативата  на СДСМ за свикување на Собението. Ова го изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

Тој рече  дека не знае за содржината на иницијативата иако бил известен за тоа.






– Од СДСМ ме известија за иницијативата, но не и за содржината. Вчера  телефонски ме контактираше координаторот на пратеничката група на СДСМ за да ме извести дека има иницијатива за свикување на Собранието, но не и за содржината на истата. Затоа ние и натаму немаме партиски став, и не знаеме за каква иницијатива станува збор – рече Груби.

Поврзани содржини