Груби: Да не беше Охрид, ќе ги немаше ни Преспа, ни НАТО

Договорите од Охрид и Преспа не научија дека оваа земја, овој народ, овој регион, не може да биде дом на евроспектицизмот, туку напротив, колку е поголем предизвикот, толку е поголема нашата посветеност бидејќи драги пријатели: Нашето сонце изгрева на запад, истакна првиот вицепремиер Артан Груби

190

Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година, истакна првиот вицепремиер Артан Груби на конфенцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

– Драги пријатели, рамнотежата бара целосна еднаквост. Рамнотежата да се живее заедно значи да живееме еднакво. Бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно. Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и достоинството на секој човек се препознаваат, секој е еднаков, мнозинството предводи со права за сите, компромисот и индивидуалната слобода се вреднуваат. И токму тука ја наоѓам суштината на еднаквоста, во демократијата. Кога демократијата е правилно спроведена и разбранa, таа ги апсорбира поединецот и заедницата бидејќи нуди еднакви можности и бара повратно одговорности и обврски кон неа, Затоа, ценам дека лојалноста на поединецот и заедницата кон државата започнува со лојалноста на државата кон поединецот и заедницата – рече Груби.






Тој нагласи дека со Рамковниот договор ниту една заедница, ниту еден граѓанин не загуби, напротив сите заедници, сите граѓани имаа корист, а С Македнија од земја во војна стана земја членка на НАТО и со зелено светло за членство во Европската унија.

– Да не беше Охрид, немаше да ја биде Преспа, ако не беа и двете, немаше да го имаме НАТО, но не смееме да застанеме тука и мора да смогнеме сила да го спроведеме и третиот договор со истата храброст и посветеност што ја запечатува нашата европска иднина. Да ​​водиме, да не се водиме, да работиме за следните генерации, а не за следните избори. Договорите од Охрид и Преспа не научија дека оваа земја, овој народ, овој регион, не може да биде дом на евроспектицизмот, туку напротив, колку е поголем предизвикот, толку е поголема нашата посветеност бидејќи драги пријатели: Нашето сонце изгрева на запад – истакна првиот вицепремиер Артан Груби

Поврзани содржини