Груби: Ахмети не може да биде суфлер на средба помеѓу Заев и Мицкоски

922

Ахмети не може да биде суфлер на тет-а-тет средби и нема причина да учествува на билатерални средби помеѓу двајца лидери. Ова е коментарот на првиот вицепремиер Атан Груби на прашање дали се налутиле бидејќи на средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски не бил повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– И Ахмети се среќава одделно со лидери на политички партии. Пред средбата имав координација со Заев за ставовите кои беа дел од тој состанок. И за време на средбата имавме најмалку три консултации со Заев. Немаше потреба Ахмети да биде дел од средба која ја побарал опозицискиот лидер со премиерот. Ако ДУИ за нешто се спротивставеше од договореното на таа средба тоа немаше да помине во Собранието – рече Груби во „Само интервју“ на Канал 5.

Поврзани содржини