Груби ја спушта топката, порача смиреност и умереност

2,592

По речиси секојдневните препукувања кој треба да ја формира новата влада, односно дали сите патишта водат во Мала Речица или како што порачуваа од СДСМ кон Бихаќска, генералниот секретар на ДУИ Артан Груби преку Фејсбук ја спушта топката и порачува дека е време за смиреност и да се засукаат ракавите за да се продолжи по евроатлантскиот пат.

– Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел силно да продолжиме на нашиот евроатлантски пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, но и економското закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции, напиша Груби.

 






Поврзани содржини