Грожан: Да не беше „хало“ системот немаше да бидам тука (ВИДЕО)

Французинот имаше среќа бидејќи можеше да мине многу полошо од ударот, но и од пожарот кој потоа се појави, а сега ќе мора да се рехабилитира од повредите кои му се детектирани.

2,274

Ромен Грожан ги преплаши своите колеги и Формула 1 фановите со страшниот инцидент на патеката во Бахреин, а вечерва стана јасно дека возачот на Хас ќе остане во болница поради изгорениците кои ги заработил.

Французинот имаше среќа бидејќи можеше да мине многу полошо од ударот, но и од пожарот кој потоа се појави, а сега ќе мора да се рехабилитира од повредите кои му се детектирани.






Грожан реши да испрати видео порака до своите фанови, потврдувајќи дека се наоѓа во добра општа состојба.

– Здраво на сите. Само сакав да ви кажам дека сум ОК. Добро не баш целосно ОК. Ви благодарам на сите за пораките. Да не беше „хало“ системот (заштитникот на кокпитот), една од најдобрите работи воведени во Ф1 овие годни, веројатно немаше да бидам тука да зборувам пред вас. Му благодарам на медицинскиот тим тука во болницата, но и на патеката. Се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките – изјави Грожан.

Поврзани содржини