ГРОЗЈЕ ЛИ Е ЗЛАТО ЛИ Е? Ова грозје чини 10 илјади долари за килограм, 470 – за едно зрно
Да, не се шегуваме. Ова е некое грозје за кое се вели дека е толку вкусно што само едно зрно ќе ве одведе до рајските порти, а неговото консумирање може да биде искуство за цел живот.
Јапонците го нарекуваат ова грозје „Ruby Roman“ (Руби Роман) затоа што е убаво како рубин и се чувствувате како римски цар откако ќе го изедете гроздот.
Црвено грозје, со зрна големи колку топчиња за пинг-понг, како што пишува порталот Therichtimes – „полни со вкусни сокови кои пукаат во Вашата уста“ и кои можат да тежат до 20 грама, може да вреди и до 10.000 долари за килограм.
Освен што е така сочно, ова грозје има и високо ниво на шеќер и ниска киселост. Нешто како бонбони со помалку кисел вкус, но меки и сочни…
Не е секогаш со иста цена, но пред извесно време, некои богати лица за ова грозје платија рекордни 10.000 долари за килограм, што значи дека еднo зрно чинело околу 470 долари.
Според пресметките на порталот, за оваа сума можете да купите прстен од 18-каратно злато со дијаманти и рубини и плус да побарате да ве хранат со грозје додека се замислувате во улогата на цар.
Овој скапоцен плод потекнува од јапонската префектура Ишикава, а првпат во 2008 година беше претставено како врвно овошје. Вообичаено, компаниите го даваат како промотивен подарок, па затоа и е толку барано. Покрај тоа, лозарите продаваат само одредена количина во определено време, со цел да ја задржат ексклузивноста, побарувачката и цената.
Фото: Пинтерест