ГРОМ УСМРТИ МАЛОЛЕТНО МОМЧЕ Шест Американци се повредени на плажа во Њујорк

Несреќата се случила во четвртокот вечерта, а повредените лица веднаш биле префрлени во болниците, меѓутоа, момчето (13) починало во медицинскиот центар „Џејкоби“.

517

Тринаесетгодишно момче загина, а шест лица беа повредени кога гром ја погоди плажата Бронкс во Њујорк, во западниот дел на Лонг Ајленд Саунд.

Полицијата соопшти дека добила повик за „човек кој е во несвест“, потврдено е за весникот „Хил“.






– По пристигнувањето, полицијата открила седум лица на возраст од 41, 33, 14, 13, 13, 12 и пет години, кои биле погодени од гром на плажа – изјавила полициската администрација за „Хил“.

Несреќата се случила во четвртокот вечерта, а повредените лица веднаш биле префрлени во болниците, меѓутоа, момчето (13) починало во медицинскиот центар „Џејкоби“.

„Останатите повредени се во стабилна состојба“, соопшти њујоршката полиција, додавајќи дека истрагата е во тек.

Поврзани содржини