Гром усмрти 25-годишно момче од тетовско
Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството.
Дваесет и петгодишно момче од тетовско Долно Палиште синоќа почина како последица од удар од гром.
– Вчера во 19.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром. Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството – се вели во полицискит билтен.