ГРОМ ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР ВО СПЛИТ Невремето од Истра се шири кон Далмација
Пожарот бил локализиран благодарение на брзата интервенција на пожарникарите – јавуваат хрватските медиуми.
Удар на гром денеска околу 18:30 часот предизвикал пожар во парк шумата Марјан во Сплит. Пожарот бил локализиран благодарение на брзата интервенција на пожарникарите – јавуваат хрватските медиуми.
За многу кратко време на терен излегле три возила и десет пожарникари од ЈВП и едно возило со тројца пожарникари од ДВД Сплит, кои за еден час го локализирале пожарот.
Горела трева, ниска вегетација и борови, а изгорени се околу 200 метри квадратни и покрај брзата реакција на пожарникарите и дождот. Пожарникарите велат дека пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром во дрвото.
Во невремето што беснее на јадранскиот брег, денеска на пристаништето во словенечкиот приморски град Копар гром удри во човек кој бил пренесен во болница и спасен благодарение на брзата интервенција.
ВО КОПЕР ГРОМ УДРИЛ ВО ЧОВЕК Словенија зафатена од силно невреме