ГРОМ ЈА ЗАПАЛИ ФАБРИКАТА ВО ВЕЛЕС Инцидент во „BioCosmos“, „Mirana“ не е зафатена, велат од компанијата

Нема повредени, оштетен дел од производствениот погон, „Mirana“ не е зафатена од пожарот, велат од компанијата.

1,807

Дел од производствениот капацитет на компанијата „BioCosmos“ бил зафатен од пожар кој избувна вчера како резултат на удар од гром, соопштија официјално од компанијата.

Според информациите, пожарот е под контрола, нема повредени лица, но дел од просториите се оштетени и ќе бидат привремено исклучени од употреба.






„За среќа, нема повредени и ситуацијата е под контрола. Дел од просториите на ‘BioCosmos’ се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба“, велат од компанијата.

Од „BioCosmos“ упатија уверување до потрошувачите, партнерите и јавноста дека фабриката „Mirana“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не е зафатена од пожарот и работи непречено.

„Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката ‘Mirana’, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално“, истакнуваат од „BioCosmos“.

Во моментов, компанијата работи во координација со надлежните институции на процена и санација на штетата, со цел брзо враќање на производството во нормала.

„Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на ‘BioCosmos’ во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, стои во соопштението.

Од „BioCosmos“ апелираат до јавноста да се воздржи од шпекулации и дезинформации, нагласувајќи дека сите точни информации ќе бидат споделувани исклучиво преку нивните официјални канали.

ГОЛЕМ ПОЖАР ИЗБУВНА ВО ФАБРИКА ВО ВЕЛЕС Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот

Поврзани содржини