🎥 ГРОБНА ТИШИНА НА ПОГРЕБОТ НА ФУДБАЛЕРОТ ЖОТА И НА НЕГОВИОТ БРАТ Сопругата облечена во бело ја изрази својата длабока тага

1,193

Водечките португалски фудбалски личности, заедно со стотици навивачи, денеска пристигнаа на погребот на португалскиот фудбалер и напаѓач на Ливерпул, Диого Жота, во Португалија.

Голем број луѓе се собраа на гробиштата во предградието на Лисабон – семејство, пријатели, соиграчи од тимот и репрезентацијата, поранешни тренери, навивачи, но и обични граѓани, потресени од неговата ненадејна и прерана смрт.






Во морето од тага и црнила, она што го привлече вниманието на многумина беше појавувањето на сопругата на фудбалерот. Љубовта на неговиот живот, неговата Рут, мајката на неговите три деца, дојде на последното збогување во бело.

Без црнила, без превез на тага. Само едноставна, бела маица и панталони. Тишината што преовладуваше кога таа се појави беше одговор на емоција што не можеше да се опише со зборови.

Тоа е начин не само да се оплакува загубата, туку и да се прослави она што личноста била: неговата добрина, неговата чистота, љубовта што ја дал. Со носењето бело, човекот покажува вера во вечноста, во душата, во она што е невидливо, но трае.

Тоа не е негирање на тагата – туку тивко почитување и достоинствено збогување.

Жота загина во сообраќајна несреќа на 28-годишна возраст.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул е скршен од трагичната смрт на Диого Жота“, соопшти англискиот клуб.

Во несреќата во шпанската покраина Замора, почина и неговиот брат, 26-годишниот Андре Силва, исто така португалски фудбалер од втората лига, кој бил во автомобилот со него.

Шпанската цивилна гарда потврди за BBC Sport дека Жота и неговиот брат починале околу половина час по полноќ по локално време на 3 јули.

Поврзани содржини