Гробиштата во Бутел станаа и депонија за медицински отпад?! ГАЛЕРИЈА

Граѓаните се револтирани и загрижени и велат дека не заслужуваат да ја гледаат оваа слика секој пат кога доаѓаат, а покрај тоа да плаќаат и гробарина за одржување на гробиштата.

707

Медицински отпад, картонски и пластичен смет помеѓу гробните парцели, искористени шприцеви, игли, стаклени шишенца, амбалажи од антибиотици, гази, памук, шишиња за инфузија. Ова е моменталната состојба на гробиштата во Бутел, во реонот на православните гробови во Ареа 2.

Граѓаните велат дека овој проблем не само што се провлекува со години наназад, туку и сè повеќе ескалира. Тие се револтирани и загрижени, велат дека не заслужуваат да ја гледаат оваа слика секој пат кога доаѓаат, а покрај тоа да плаќаат и гробарина за одржување на гробиштата.






– Зарем ние, граѓаните на Скопје, кои одиме да изразиме почит кон нашите најмили што заминаа од овој свет, заслужуваме ваква потресна слика? Секој од нас редовно плаќа гробарина за одржување на гробиштата на Акционерското друштво за погребни и придружни активности Бутел – велат граѓаните.

„Гробарина е надомест за одржување на гробиштата, тековно и инвестиционо одржување на комуналната инфраструктура и придружните објекти на гробиштата. Одржувањето на надгробниот споменик на гробното место го врши носителот на гробното место. Носителот се обврзува да плаќа гробарина за одржување на гробиштата. Цената на гробарината годишно изнесува 320 денари, со можност да се плати однапред за наредните 5“, пишува на веб-сајтот на АД Бутел.

– Ако ние, кои ги посетуваме гробовите на нашите блиски, ги почитуваме правилата на Бутел, секој сам да се грижи за за одржување на надгробниот споменик на гробното место, за кој платил претходно огромна сума пари, а за кој еднаш годишно се плаќа гробарина, тогаш зошто тие со средствата кои им ги уплаќаме на нивната сметка, не се грижат за комуналната инфраструктура на гробиштата, како што и самите велат дека се обврзуваат? – прашуваат граѓаните.

Од АД Бутел не добивме повратен одговор зошто овој проблем се провлекува со години, а не се презема ништо.

(

(Фотографиите се снимени од револтирани граѓани)

Поврзани содржини