Гробиштата „Бутел“ се „дават“ во смет: Иако „дебело“ плаќаме, еве каде почиваат нашите најблиски (ФОТО)
Драги мои Скопјани, сограѓани, еве каде и како почиваат нашите драги кои не напуштиле. Во ѓубре за кое плаќаме „дебело“ - стои во објавата.
На „Фесјбук“ страната „Стари Скопјани“ беа објавени фотографии од градските гробишта „Бутел“ на кои може да се види дека тие се преополни со ѓубре.
Револтираните граѓани реагираат на тоа дека АД Бутел воопшто не се грижи за расчистување на губрето, остатоците од паднатите листови и гранки, и покрај тоа што за овие услуги „дебело наплатуваат“.
– Драги мои Скопјани, сограѓани, еве каде и како почиваат нашите драги кои не напуштиле. Во ѓубре за кое плаќаме „дебело“ – стои во објавата.
Во коментарите подолу може да се прочитаат многу критики околу работата на АД „Бутел“ во оддржувањето на градските гробишта, но и коментари дека покрај компанијата, за ова се виновни и самите луѓе и нивната некултура.