Грнчаров: Парите на ФК Вардар од Лига Европа отидоа кај ракометниот клуб
парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, така да сега нека бараат помош таму, напиша Грнчаров.
Поранешниот капитен и столб на одбраната на ФК Вардар, Бобан Грнчаров на својот Фејсбук профил напиша статус во кој вели дека парите кои „црвено-црните“ ги заработиле со историскиот пласман во Лига Европа есента 2017 наместо да завршат во клупската каса, завршиле кај ракометниот клуб.
„Многу ми е смешно кога гледам коментари Град Скопје да помогне на ФК Вардар. Како прво, Вардар бара помош од Град Скопје кога должи над 2 милиона евра, зашто кога земаа пари од Европа над 5 милиони не кажаа ‘Ај ќе поделиме со Град Скопје’, за утре-задутре ако ни требаат ќе ни помогнат тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари, едино за ова што се дешава моментално е крив еден човек и тој треба тоа да го реши сам (се надеваме дека денес ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца), а второ,парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, така да сега нека бараат помош таму“, напиша Грнчаров, пренесе МИА.