ГРК СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОТКУПИ МАКЕДОНСКИ ЦАРИНИК Ставил 5 евра во зелениот картон

Според соопштението, лицето возело патничко возило „форд" со германски национални ознаки.

252

Грчки државјанин ставил 5 евра во зелениот картон кој го дал на увид на гранична контрола на преминот Табановце, во обид да поткупи цариник, информираше Министерството за внатрешни работи.

„На 08.04.2025 во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп” од член 358 став 1 од Кривичниот законик“, се вели во полицискиот билтен.

 






Според соопштението, лицето возело патничко возило „форд” со германски национални ознаки.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

 

Поврзани содржини