Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман му се заблагодари на Лионел Меси за поддршката која ја добивал во каталонскиот клуб.
„Единствено што можам да ти кажам е тоа што секој љубител на фудбалот може да ти го каже – Благодарам! Благодарам за сè што направи во Барселона! За градот, за клубот. Ти смени сè! Сигурен сум дека ова не е збогум, и дека ќе имаме можност да се видиме подоцна. Дека твоите патишта со Барселона повторно ќе се вкрстат. Ти посакувам сè најдобро, да бидеш среќен ти и твоето семејство. Многу малку луѓе знаат што значи да се биде Меси, а ти беше пример за мене во секоја смисла, напиша Гризман на Инстаграм.
Меси одлучи да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во ПСЖ.