📷 „ГРИН МАШИНС“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ БЕРМУДИТЕ „Брако“ ќе ја одржува хигиената на улиците во светскaта туристичка дестинација

„Клиентот од Бермудите го избра моделот 414 rs на „Грин Машинс“, со кој истовремено можат да се чистат и улици и тротоари, може да се управува рачно, но нуди можност и за седење на операторот.
Нашиот тим од Обединетото Кралство беше на Бермуди, каде одржа обука за користење на нашите машини, и горди сме што македонски производи ќе придонесат за чисти улици и ќе бидат присутни на оваа британска островска територија, која е светскa туристичка дестинација“, се наведува во соопштението од „Фероинвест“.
